Актуелниот европски шампион Панатинаикос ги разгледува можностите за дополнително засилување на екипата со цел и претстојната сезона да биде кокнкурентна во Евролигата и домашното првенство.
Грчките медиуми тврдат дека прва цел на „детелинките“ е хрватскиот репрезентативец Дарио Шариќ и ако сопственикот на ПАО успее во својата намера, ќе има уште една суперѕвезда во своите редови. Шариќ има 30 години, а веќе осум сезони настапува во НБА лигата, но во моментов е слободен играч откако истече неговиот договор со Голден Стејт.
Засега нема најави дали хрватскиот кошаркар евентуално ќе продолжи во НБА, но во Панатинаикос внимателно ја следат ситуацијата со него и ги разгледуваат сите можности да го донесат во своите редови.


