Грчкиот вицешампион Панатинаикос потврди дека е зрел да се бори за титулата во Евролигата откако вечерва како гостин го совлада Реал со 97-86.
Ова е прва победа на ПАО во Мадрид по 2013 година и по 12 порази во серија. Можеби Реал е неприкосновен на првото место и најверојатно таму ќе го заврши основниот дел од сезоната, но Панатинаикос покажа дека има што да каже во финишот од сезоната. За мадридскиот тим ова беше втор пораз во низа, а вкупно петти во Евролигата оваа сезона, но сепак има убедлива предност пред второпласираната Барселона.
Прво име на мечот беше францускиот центар Матијас Лесор кој постави личен рекорд во Евролигата со 26 поени на кои додаде 7 скока и 4 асистенции. Неговиот сонародник во спротивниот табор Гершон Јабуселе го предводеше Реал со 18 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Алба – Макаби 71-106
Партизан – Анадолу Ефес 100-90
Виртус – Валенсија 87-74
Реал – Панатинаикос 86-97


