Непосредно пред почетокот на новата сезона во клупската кошарка, актуелниот европски шампион Панатинаикос ќе биде домаќин на традиционалниот турнир „Павлос Јанакопулос“, но за оваа година има специјална замисла.
Планот е турнирот да не се одржи во Олимписката арена ОАКА во Атина, туку на древниот стадион Панатинаико. Новината е што натпреварите ќе се играат на отворено, а можност да ги следат натпреварите ќе имаат 40 илјади гледачи, колку што е капацитетот на стадионот.
Турнирот ќе се одржи на 20 и 21 септември, а гости на Панатинаикос ќе биде Партизан, Анадолу Ефес и Макаби Тел Авив.


