По 11 кола во Евролигата, Партизан има едвај три победи, а иако важеше за најжесток клуб на домашен терен, има само еден триумф пред своите навивачи.
Сепак, парадоксот кај „црно-белите“ е во тоа што сите три победи досега ги оствари во Белград. Единствениот триумф како домаќин му е против Партизан на 15 октомври, а потоа уште два пати славеше во српската престолнина на натпревари на кои формално се водеше како гостин.
Првата победа е од 17 октомври кога беше подобар од Макаби во Пионир, а втората е онаа од синоќа против Црвена Звезда во белградската Арена. Во двете сали, Партизан оваа сезона играше натпревари и како домаќин, но формално, во Евролигата, победите му се бројат како да се остварени на гостински терен.


