Фраанцускиот прволигаш Париз минатата недела го освои својот прв меѓународен трофеј откако триумфираше во Еврокупот, а до него стигна на исклучително доминантен начин.
Екипата во која игра и македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс, а кој беше прогласен за МВП и на основниот дел и на финалната серија, го освои пехарот со биланс 22/1 што не е видено досега во историјата на Еврокупот. Досега најдобриот биланс го имаше Локомотив Кубан во сезоната 2014/15 и тој изнесуваше 19/1, но тогаш рускиот клуб не успеа да ја освои титулата, туку во четвртфиналето доживеа елиминација од Уникс.
Истата сезона и Гран Канарија влезе во финалето со само еден пораз, но исто така загуби од Уникс кој пак загуби три натпревари во таа натпреварувачка кампања.