Францускиот првак Париз дојде до четвртата победа во сезоната во Евролигата откако вечерва го победи Партизан во Белград со 101-83.
Избраниците на Лоран Тамбелини покажаа карактер и зрелост, но најважно од се, одиграа одлично второ полувреме во кое погодија многу важни кошеви, пред се тројки. Натпреварот беше неизвесен само 20 минути, на полувреме се замина со минимална предност за Париз (48-46), а потоа почна рапсодијата на францускиот тим.
На две минути пред крајот на третата четвртина, Париз поведе со +15 и оттогаш не дозволи да дојде до драматика во финишот. Кога и да успееше Партизан да постигна поени во серија, следуваше рафал на спротивната страна, колку да го спречи налетот, Париз го заврши натпреварот со 17 тројки од 30 обиди, оружје за кое Партизан не успеа да најде одбрана.
Блескаше триото Браун-Хифи-Ерера кое заедно погоди 12 тројки и вкупно 60 поени. Двејн Вашингтон беше најефикасен кај Партизан со 17 поени, но се почувствува неиграњето на неколку важни играчи, пред се Карлик Џонс кого ќе го нема во следните три месеци.
За Партизан ова беше прв на домашен терен сезонава по кој падна на 14. место на табелата, додека Париз со биланс 4/2 е на делба на втората позиција, заедно со уште пет екипи.
РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес – Фенербахче 69-79
Виртус – Панатинаикос 92-75
Партизан – париз 83-101
Баерн – Олимпијакос 71-96


