Францускиот вицешампион Париз се подготвува за својата дебитантска сезона во Евролигата и во таа насока, викендов учествуваше на пријателски турнир во Талин.
Оттаму се враќа со трофеј откако ги победи домаќинот Калев Крамо со 97-64 и Билбао со 85-77. За најдобар играч на финалниот меч е прогласен македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој постигна 19 поени, 5 скока и 5 асистенции.
Идната недела Париз ќе учествува на уште еден турнир, овојпат во Белград кај Партизан, заедно со АЕК. Своето деби во Евролигата ќе го забележи на 4 октомври против Црвена Звезда на домашен терен.


