Бранителот на титулата во АБА лигата, Партизан ја оствари третата победа во регионалното натпреварување откако вечерва по продолжение го совлада ФМП со 109-103.
„Црно-белите“ беа пред пораз бидејќи противникот во четвртата четвртина водеа и со десет поени разлика (85-75), но некако успеаја да израмнат и да го одведат натпреварот во дополнителни пет минути. Во нив се играше израмнето, двете екипи имаа еднаш имаа по три поени предност, но во финишот Партизан направи серија од 8-0 и го скрши отпорот на ФМП.
Carlik Jones sakatlanmış koltuk değnekleriyle salonu terketmiş
— Serhat//SarA(s)tatürk (@namidigersedat) October 20, 2025
Obradovic durumu hiç iyi gözükmüyor diye açıklama yapmış geçmiş olsun pic.twitter.com/TrVIvtoIBy
Сепак, третата победа во АБА лигата остана во сенка на она што се случи во финишот од основниот дел на мечот. При едно положување Карлик Џонс незгодно стапна и го повреди стапалото поради што мораше да го напушти теренот и повеќе не се врати на него.
Според последните информации, стапалото е отечено, Џонс не може да се потпре на таа нога, па белградската Арена ја напушти на патерици. Најлошите прогнози се дека се работи за скршеница на метатарзалната коска, повреда која би предизвикала пауза од три месеци.


