Покрај Френк Камински, тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ одлучи уште кои двајца странски кошаркари нема да бидат пријавени за завршницата од српското првенство.
Изборот падна на Џејмс Нанели и Пи Џеј Доузер кои се слободни да го напуштат тимот и да го почнат својот одмор. Дали ќе се вратат во белградскиот клуб за идната сезона, ќе се знае веројатно во текот на летото. Својот прв натпревар, Партизан го игра в петок од 18:30 часот против Мега.
Со оглед на тоа што во српското првенство можат да бидат пријавени само четворица странци, Партизан ќе игра со Зек Ледеј, Матеуш Понитка, Џејлин Смит и Бруно Кабокло. Капитенот Кевин Пантер се води како домашен играч бидејќи има српско државјанство.


