Големите проблеми со кои се соочува оваа сезона придонесоа Партизан да се најде на последното место на табелата во Евролигата, по завршувањето на првата полуетапа.
Ако претходните три сезони имаше важна улога во елитното кошаркарско натпреварување, белградскиот клуб оваа кампања игра катастрофално и по 19 одиграни кола оствари само шест победи. Идентичен биланс имаат уште пет екипи: Париз, Басконија, Анадолу Ефес, Баерн и Асвел, но Партизан е со најлоша кош разлика и затоа ја држи последната позиција.
Standings provided by Sofascore
„Црно-белите“ во моментов се во серија од четири порази, последната победа е од дербито со Звезда на 12 декември, во вторник екипата гостува кај Монако.


