Иако претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ во неделата изјави дека не контактирал со Андреа Тринкиери, италијанскиот стручњак ќе се врати на клупата на Партизан, тврдат српските медиуми.
Тој е без ангажман откако летоска доби отказ од Жалгирис и ќе се обиде да го изгаси пожарот кој во моментов владее во редовите на поранешниот европски шампион. Според српските медиуми, „црно-белите“ веќе постигнале договор со италијанскиот стручњак во врска со условите за идна соработка, а се чека најповолниот момент за нејзино официјализирање.
Италијанскиот стручњак помина година и пол во Каунас, а претходно од 2020 до 2023 година беше на клупата на Баерн. Тој го водеше Партизан од 2018 до 2020 година, кога тимот беше во одлична ситуација во АБА лигата и Еврокупот пред коронавирусот да ја прекине сезоната и да го остави со празни раце. Тринкиери и претседателот Остоја Мијаиловиќ не се разделија во добри односи, а Италијанецот дури и го тужеше Партизан за неисплатени плати и го доби спорот.
Сепак, се чини дека сега се создадени услови за нова соработка – Тринчиери е без работа, а на Партизан му е потребен квалитетен тренер кој може да го изгради тимот по заминувањето на Жељко Обрадовиќ. „Црно-белите“ го играат својот следен натпревар во четврток, кога го пречекуваат Баерн на Белградска Арена. Моменталниот биланс на Партизан на Белградска Арена е 4/9.


