Прославениот српски кошаркар Жарко Паспаљ е нов спортски директор на Партизан. На оваа позиција, тој ќе го замени Зоран Савиќ кој неодамна го напушти клубот по оставката на Жељко Обрадовиќ.
На денешниот состанокот на Управниот одбор, беше одлучено дека Паспаљ е најдоброто решение за пополнување на испразнетото место, пред Новица Величковиќ, чие име исто така беше споменато.
„Управниот одбор на КК Партизан се состана денес попладне во просториите на клубот за да донесе стратешки одлуки за функционирање во ситуацијата по неотповикливата оставка на тренерот Жељко Обрадовиќ и заминувањето на спортскиот директор Зоран Савиќ. Со присуство на мнозинството членови на Управниот одбор, беа забележани новите околности и беше усвоена насоката во работата на спортскиот сектор на црно-белите.
На предлог на претседателот Остоја Мијаиловиќ, присутните членови на Управниот одбор едногласно го избраа Жарко Паспаљ за нов спортски директор на КК Партизан. Легендарниот кошаркарски ас и спортски функционер така се врати во својот Партизан, за да биде на чело на спортскиот сектор во овие тешки времиња и да го стави своето богато знаење и искуство во служба на решавање на сите отворени прашања. Жарко Паспаљ ужива целосна поддршка од Управниот одбор во изборот на своите соработници, наоѓањето решенија за позицијата тренер и создавањето услови клубот да направи пробив во однос на резултатите во споредба со досегашниот тек на сезоната“, стои, меѓу другото, во соопштението на Партизан.
Легендарниот кошаркар на Партизан го носеше црно-белиот дрес во два мандата – од 1986 до 1989 година, а потоа и во сезоната 1990/91, пред да замине за Грција. За време на својата брилијантна кариера, легендата на Партизан играше за Сан Антонио Спарс, додека во Европа се етаблираше играјќи за грчките клубови Олимпијакос, Панатинаикос, Паниониос и Арис од Солун.
Паспаљ ги бранеше и боите на француски Париз, а се пензионира во 1998 година како член на Виртус од Болоња. Тој освои два сребрени медали на Олимписките игри за југословенската репрезентација, во 1988 во Сеул и 1996 во Атланта, како и златни медали на Европското првенство во 1989, 1991 и 1995 година и на Светското првенство во Аргентина во 1990 година.


