Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ имаше многу замерки за играта на своите кошаркари на синоќешниот дуел против Панатинаикос.
„Црно-белите“ го совладаа некомплетниот европски првак пред околу 40 илјади гледачи, но трофејниот стручњак тврди дека тоа не е најдобро издание на неговиот тим и не е она што го очекува од него.
„Во ред е дека имаме нов тим, но направивме многу лоши работи кои мораме да ги исправиме бидејќи веќе следнава недела ја почнуваме АБА лигата, а потоа и Евролига“, изјави Обрадовиќ по мечот.
Својот прв официјален меч во новата сезона Партизан го игра в среда против Борац на домашен терен, во рамките на АБА лигата.


