В петок се навршува една година од смртта на поранешниот српски репрезентативец и тренер Дејан Милојевиќ, а годишнината ќе ја одбележат неговиот некогашен клуб Партизан и Спартак во рамките на АБА лигата.
Мечот се игра в недела во Белград и целосно ќе биде посветена на стручњакот кој почина лани во Солт Лејк Сити.
„Натпреварот од 17. коло на АБА лигата меѓу Партизан и Спартак ќе биде во чест на Дејан Милојевиќ. Сите играчи на грбот ќе го носат презимето ’Милојевиќ’, а нему ќе му биде посветен и центарот на теренот во Арена. Влезот на дел од трибините ќе биде бесплатен“, пишува, меѓу другото, во објавата од Партизан.
Милојевиќ беше член на Партизан од 2004 до 2006 и подоцна во 2009 година, а играше и за репрезентација на СР Југославија.


