Трета сезона по ред, најуспешните српски екипи Партизан и Црвена Звезда би можеле да учествуваат во Евролигата.
Медиумите во Србија тврдат дека двата клуба добиле покани за настап во елитното кошаркарско натпреварување со тоа што постои еден услов кој треба да го исполнат. За повторно да играат во Евролигата, Партизан и Звезда треба да платат по еден милион евра што се чини дека нема да биде голем проблем за нив.
Од таа сума, 750 илјади евра чини специјалната покана, а останатите 250 илјади одат за плаќање на судиите во текот на целата сезона. Двата клуба имаат рок од една недела да се изјаснат дали ќе играат во Евролига идната сезона, а потоа, на состанокот на Бордот ќе биде одлучено кои клубови ќе бидат дел од натпреварувањето претстојната сезона.


