Последните информации за наводните засилувања на Партизан по се изгледа се точни, но од клубот нема да има потврда уште извесен период.
Пред крајот на јуни, „црно-белите“ објавија три нови имиња: Вања Маринковиќ, Ифе Лундберг и Френк Нтиликина, а потоа застана. Оттогаш многу кошаркари се поврзуваа со Партизан, но од клубот речиси еден месеци има молк на таа тема. Зошто е тоа така, откри претседателот на клубот Остоја Мијаиловиќ.
„По објавувањето на првите три засилувања како клуб донесовме одлука да постапуваме поинаку. Во овој момент имаме 11 нови играчи во однос на минатата сезона и очекуваме уште неколку до почетокот на подготовките. Меѓутоа, по неверојатно големиот број шпекулации кои се појавија во врска со играчите што доаѓаат во Партизан, решивме новите кошаркари да ги претставиме непосредно пред почетокот на подготовките на сосема поинаков начин. Уште сега со сигурност тврдиме дека ќе биде конкурентни со сите тимови во Европа и дека ќе се бориме за највисок пласман“, објави Мијаиловиќ.
Стартот на подготовките за новата сезона е закажан за 20 август што значи дека уште еден месец нема да има официјална потврда на шпекулациите. Тие велат дека, покрај тројцата спомнати, нови играчи на Партизан се уште: Брендон Дејвис, Стерлинг Браун, Тајрик Џонс, Ајзеа Мајк, Исак Бонга, Марио Накиќ, Аријан Лакиќ и Алексеј Покушевски. Од минатата сезона под договор се Бруно Кабокло и Балша Копривица со тоа што Бразилецот многу веројатно ќе си замине летово.


