Иако одамна ги загуби шансите за пласман во плејофот од Евролигата, Партизан се наоѓа во најдобра форма од сите екипи во елитното натпреварување откако вечерва ја оствари шестата победа во низа.
Шести „пациент“ беше градскиот ривал Црвена Звезда кој доживеа болен пораз и драстично си ги намали шансите за пласман во топ-6 иако ќе може и преку плејинот да обезбеди пласман во плејофот. Партизан освен што го „истресе“ големиот противник, стигна и да го провоцира на социјалните мрежи.
Malo jači.#KKPartizan #EuroLeague pic.twitter.com/3TiUnswUKy
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) April 2, 2026
Натпреварот против Црвена Звезда е опишан само како малку потежок тренинг и покрај тоа што до последните секунди победникот беше неизвесен.


