Кошаркарскиот клуб Партизан издаде соопштение во врска со ситуацијата со Џабари Паркер кој веќе некое време е надвор од тимот.
Американецот ќе продолжи да игра за Хувентут од Бадалона во остатокот од тековната сезона со што се потврдуваат шпекулациите кои кружеа подолг период.
„Тимот од Шпанија ќе преземе дел од платата за играчот кој потпиша двегодишен договор со Партизан на почетокот на сезоната. Во претходните недели, Паркер тренираше индивидуално со цел да достигне соодветна форма, а сега ќе има можност да се докаже на теренот во тимот на Хувентут“, објави Партизан.
Џабари Паркер некогаш беше втор избор на драфтот на НБА, а во Партизан пристигна од Барселона. Со годишна плата од 2,5 милиони евра, тој беше најскап кошаркар во историјата на клубот, но не се снајде во екипата и излезе исклучително скапа и лоша инвестиција на Партизан.


