Многу полесно од очекувањата, актуелниот европски шампион Реал Мадрид славеше во Белград со 88-76 и со тоа го запечати првото место на крајот од основниот дел од сезоната во Евролигата.
Клучен играч на натпреварот беше хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња кој имаше своја вечер во Арена и тоа против тимот за кого постојано потенцира дека е голем навивач. Партизан беше рамноправен до три минути пред крајот на третата четвртина кога и водеше со 54-52, а потоа следуваше серија од 16-0 на Реал со која шпанскиот тим го сврте резултатот во своја корист и ги реши сите дилеми околу победникот. До крајот Партизан не успеа да се доближи на едноцифрена негатива.
Серијата ја иницираа Кампацо и Хезоња, првиот ги разигра своите кошаркари, а вториот погодуваше од секоја позиција. Хрватскиот крилен играч го заврши натпреварот со 25 поени, 6 скока и 4 асистенции, а зад него беше Дек со 13 поени. Кај Партизан, Камински беше најефикасен со 21, а Пантер додаде 16 поени.
Партизан има уште три кола да се избори за десеттото место кое сега го дели со Анадолу Ефес, а утре може да го загуби ако Валенсија го победи Монако.
РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес – Алба 85-84
Жалгирис – Басконија 94-76
Олимпијакос – Асвел 80-64
Партизан – Реал 76-88


