Екипата на Партизан по трет пат сезонава ја совлада Црвена Звезда откако славеше во дуелот од последното коло на АБА лигата со 81-74.
Натпреварот немаше никакво резултатско значење за „црвено-белите“ бидејќи секако ќе го освоеја третото место на табелата, но и покрај тоа направија тензија, барајќи да се одложи мечот поради претстојниот настап во плејинот од Евролигата. Откако АБА не им дозволи, сепак одиграа максимално и за малку не дојдоа до победата.
Партизан имаше дури 19 поени предност во третата четвртина (58-39), но Звезда успеа речиси да ја анулира негативата и се доближи на два поена разлика во последниот период (62-64). Сепак, до крајот Партизан се консолидира, ја задрж предноста и победи, овозможувајќи им на навивачите да ѝ фатат сеир на Звезда дека овој меч претставувал само потежок тренинг.
Со оваа победа Партизан го помина Дубаи на табелата, но ќе остане на првото место само ако Босна во вторник направи сензација и го совлада тимот од Обединетите Арапски Емирати. Во спротивно, во полуфиналето најверојатно ќе играат Партизан и Црвена Звезда.


