Пред две години, под водство на Жељко Обрадовиќ, Партизан направи целосен ремонт на тимот откако зенитот беше достигнат, а „црно-белите“ не освоија ниеден трофеј.
Слично е и сега бидејќи до денеска, дури осуммина од играчкиот кадар од последната сезона си заминаа, а бројот на оние кој ќе го напуштат Партизан речиси сигурно ќе биде двоцифрен. Последен кој си отиде од редовите на поранешниот европски шампион е центарот Бруно Фернандо кој е нов играч на Ефес. Турскиот клуб утринава ја официјализираше веста, потврдувајќи дека потпишал двегодишен договор со 27-годишникот од Луанда.
Пред него, Партизан им заблагодари на: Двејн Вашингтон, Ник Калатес, Стерлинг Браун, Дилан Осетковски, Исак Бонга, Алекс Раданов и Шеик Милтон. Управата на клубот работи и на разделба со Мика Муринен, кој остави занемарлив белег во клубот, како и со Џабари Паркер, најплатениот кошаркар во историјата на клубот. Од ѕвездите, во тимот остана само Карлик Џонс кој има важечки договор и за претстојната натпреварувачка кампања.
Она што не ги радува навивачите на Партизан е фактот дека управата на црно-белите сè уште не потпишала никакви нови потписи, ниту пак има на повидок, додека европските гиганти речиси ги комплетираа своите состави.


