Српскиот и АБА шампион, Партизан се наоѓа пред договор со поранешниот играч на Денвер, Лос Анџелес Лејкерс и Детроит, Малик Бисли, тврдат денеска бројни европски кошаркарски портали.
Според нив, преговорите се во завршна фаза, а Бисли треба да потпише договор до крајот на сезоната, односно на шест месеци за што ќе добие два милиони долари. Информациите имаат основа бидејќи 29-годишниот е без клуб од крајот на минатата сезона кога си замина од Пистонс.
Бисли влезе во НБА лигата во 2016 година кога како 19. пик беше избран од Денвер Нагетс. Во тимот од Колорадо помина четири сезони, потоа две играше за Минесота и во кратки интервали за Јута, Лејкерс, Милвоки и Детроит.
Во НБА лигата има над 600 одиграни натпревари од кои 578 во основниот дел од сезоната и 43 во плејофот. Интересно е тоа што минатата сезона ги одигра сите 82 меча од основниот дел што беше негов апсолутен рекорд во кариерата.


