Екипата на Мега го совлада Партизан со 92-88 и се избори за „мајсторка“ во полуфиналето од српското првенство.
Тоа е уште голем неуспех за „црно-белите“ оваа сезона, но интересна беше прес-конференцијата по мечот на која Жељко Обрадовиќ се пожали на третманот од судиите.
„Не се баш околности за конференција за печат, ова го доживувам првпат во кариерата, но оваа лига е таква. Сега се се покажува, првпат во кариерата доживувам на судиите да им се обраќам на Вие, а тие мене на Ти и такво шиканирање не сум доживеал никогаш во животот. Ми вели судијата: Седи долу, пушти ме да судам… и тоа во ситуација кога јас најнормално му се обраќам. Таква е лигата, но тоа веќе го навестив и во таа смислам немам изненадувања“, изјави Обрадовиќ.
Партизан првпат игра во српското првенство откако Обрадовиќ е тренер на екипата. Претходните две сезони не настапи, прво поради бојкот, а потоа поради наводно доцнење при доставување на документацијата.


