Екипата на Партизан доживеа уште еден дебакл во Евролигата откако вечерва загуби на гостувањето кај Панатинаикос со 69-91.
„Црно-белите“ се држеа до третата четвртина кога резултатот беше 52-50 зза ПАО, а потоа почна распадот. Грчкиот тим направи серија од 25-0, Партизан беше без постигнат поен девет минути и на почетокот од последната четвртина веќе беше јасно каков ќе биде исходот на овој меч.
Третата четвртина гостинскиот тим ја заврши со само шест поени што е недозволиво за екипа што се натпреварува во Евролигата. Кендрик Нан го наполни кошот на Партизан, реализира 26 поени со седум скока и оствари индекс 39. Кај Партизан само Браун беше двоцифрен, со 16 поени.
Партизан останува на 18. место на табелата во Евролигата, додека Панатинаикос се израмни со лидерот Хапоел откако ја оствари четвртата победа во низа.


