Во можеби последниот натпревар под водство на Мирко Оцокољиќ, Партизан се спаси од нов голем срам откако вечерва славеше на гостувањето кај крка со 99-92.
„Црно-белите“ имаа негатива и од 11 поени и тоа во повеќе наврати, последен пат во третата четвртина, но се спасија благодарение на расположениот Двејн Вашингтон. Контроверзниот Американец кој последните недели е на удар на навивачите, го собори рекордот на АБА лигата, постигнувајќи 48 поени, безмалку половина од вкупниот број на својот тим. Досегашниот рекорд изнесуваше 47 поени, а беше сопственост на Дерон Расел од 2022 година кога го носеше дресот на Морнар.
Освен тоа, Вашингтон го израмни рекордот по постигнати тројки на еден натпревар од АБА лигата со десет погодени шутеви од далечина. Со тоа им се придружи на Јосип Сесар и Тему Ранико кои во 2005 година, на два различни натпревари, погодија по десет тројки.
Со оваа победа Партизан се задржа на втората позиција на табелата во АБА лигата со биланс 8/1, односно една победа помалку од лидерот Дубаи.


