Повремениот репрезентативец на Србија, Алекса Раданов е новото засилување на Партизан, соопшти клубот.
Станува збор за поранешен играч на Црвена Звезда, а кој че им се придружи на „црно-белите“ од Баерн каде настапуваше во првиот дел од сезоната. Станува збор за играч кој ја покрива крилната позиција, а ќе го засили фондот домашни кошаркари пред завршницата од Купот на Србија каде смеат да играат само четворица странци.
Aleksa Radanov je novo pojačanje Partizana Mozzart Bet!⚫️⚪️
🔗 https://t.co/dP5A1wJKz3#KKPartizan pic.twitter.com/ijcfjahhSE
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) January 28, 2026
Раданов најчесто играше за српската репрезентација во квалификациите за големите натпреварувања, кога селекторите не можеа да сметаат на своите најдобри играчи од Евролигата и НБА. Во 2023 година ги помина комплетните подготовки на националниот тим за Светското првенство во Манила, но по последните тестови во Кина, тренерот Пешиќ сепак одлучи да не го поведе на Далечниот Исток.
Во својата клупска кариера, Раданов играл за Легија, Мега, Руна Баскет од Москва, Перистери, Игокеа, Црвена Звезда и ФМП пред да се приклучи на Баерн. Со Звезда освои три титули во АБА лигата и три во српското првенство, а во 2014 година со овој клуб беше шампионот на Јуниорската Евролига кога во финалето неговиот тим го совлада Реал со 55-42. Се очекува тој да му се придружи на својот нов тим по враќањето на „црно-белите“ од Милано.


