АБА шампионот Партизан стави крај на серијата од осум порази на гостински терен и остана во игра за пласман на десеттото место во Евролигата.
Вечерва „црно-белите“ ја победија Алба во Берлин со 94-83 и утре ќе очекуваат помош од Фенербахче кој игра против својот голем ривал Анадолу Ефес. Денеска во корист на Партизан одиграа Монако кој го победи Жалгирис и Асвел кој оствари сензационална победа на гости кај Валенсија.
Белградскиот тим беше во предност во текот на целиот натпревар, највисоката изнесуваше 16 разлика, во финишот од првото полувреме, а Алба само еднаш успеа да израмни (15-15). Во последниот квартал германскиот тим се доближи на само четири поени негатива, но Партизан одговори со серија од 11-3 со што повторно се одлепи и направи недостижна предност.
Џејмс Нанали со 19 поени беше најефикасен кај Партизан, а се истакнаа уште Доузер, Пантер и Ледеј кои исто така беа двоцифрени. Јоханес Тиман ја предводеше Алба со 18 поени и 11 скока.
РЕЗУЛТАТИ
Црвена Звезда – Олимпијакос 86-89
Монако – Жалгирис 69-66
Алба – Партизан 81-92
Барселона – Макаби 92-89
Валенсија – Асвел 69-98


