АБА шампионот Партизан си напраави голем проблем во врска со шансите за пласман во плејинот од Евролигата, по вечерашниот пораз од Олимпијакос на домашен терен со 69-74.
„Црно-белите“ имаа +14 во третата четвртина (52-38), а во последната влегоа со +13 (59-46), а и покрај тоа загубија. Олимпијакос го отвори последниот период со 12-0 и се доближи на само -1, а нешто подоцна го комплетира пресвртот. Во клучните моменти, играчите на Партизан не можеа ништо да погодат и во такви услови мораа да се помират со поразот. Олимпијакос ги доби последните десет со 28-10 што не се случува често на натпреварите на Партизан на домашен терен.
Интересно е тоа што Партизан доминираше под кошевите (39-26 во скокови), но загуби 17 топки и покрај тоа што во одбраната беше мошне солиден. Пантер постигна 19 поени, но во клучни моменти на спротивната страна се истакна Најџел Вилијамс Гос кој заврши со 17 поени.
Олимпијакос и идната недела ќе гостува во Белград, но кај Црвена Звезда и со победа на тој меч може да го завери пласманот во плејофот. Партизан и натаму не е без шанси за плејин бидејќи заостанува само една победа зад десеттопласираниот Анадолу Ефес, но сега повеќе ништо не зависи од него, дури и да го победи Алба и Валенсија во последните две кола.
РЕЗУЛТАТИ
Жалгирис – Олимпија Милано 87-73
Басконија – Анадолу Ефес 76-97
Баерн – Барселона 79-87
Партизан – Олимпијакос 69-74
Асвел – Монако


