За разлика од минатата сезона, оваа Партизан нема да игра во разигрувањето за титулата и покрај тоа што вечерва ја победи Валенсија со 79-66 на домашен терен.
Победникот беше решен во последната четвртина откако во првите три се играше израмнето иако двете екипи немаа никакви резултатски амбиции. Мечот го одлучи фантастичниот Џејлин Смит кој ги погоди првите пет шута за тројка, дел од нив во клучните моменти, а со кои Партизан се одлепи од противникот.
Нанали беше најефикасен со 19 поени, Смит додаде 15, а Пантер 12. Оџелеје ја предводеше Валенсија со 17 поени.
Партизан на крајот го освои 11. место, а Валенсија е на 13. позиција иако до пред еден месец двете екипи имаа свои шанси да завршат во плејин зоната.


