Поранешниот европски шампион Партизан покажа добар менаџмент во текот на летото и од трансферите на Алекса Аврамовиќ и Бруно Кабокло заработи еден милион евра што е голема сума за кошаркарски услови.
Аврамовиќ се пресели во ЦСКА, а Кабокло во Хапоел Тел Авив по што од ланскиот состав дефинитивно остана само Балша Копривица. Со ваквиот развој на настаните, не е исклучено Партизан дополнително да го засили својот состав, но нема тоа да го направи по секоја цена.
Според информациите од клубот, можно е сезоната да ја почне со сегашниот ростер, а потоа, ако е потребно и ако излезе добра опција, да се засили. Најпроблематична, односно најслабо покриена во моментов е позицијата 4. Последните денови се спомнуваше дека е можно да биде донесен Џеди Осман, но тоа нема шанси да се случи, пред се порди високите финансиски барања на турскиот репрезентативец роден во Охрид.
Вниманието го привлекува Давис Бертанс кој е без НБА договор и тоа е можеби најреална опција во моментов.


