Трета година по ред, екипите на Партизан и Црвена Звезда ќе се борат за титулата во АБА лигата.
Звезда пред три дена ја заврши својата работа против Мега, а Партизан вечерва, во „мајсторка“, ѝ го зададе завршниот удар на Будуќност. Во решавачкиот меч, „црно-белите“ славеа со 100-86, но конечниот резултат не ја отсликува реално ситуацијата на теренот и текот на натпреварот.
Будуќност беше апсолутно рамноправен тим во првите три четвртини, на моменти и подобар, а на голем одмор замина со предност од шест разлика (54-48). По 30 минути игра беше израмнето, но во третиот период се случи решавачкиот момент бидејќи поради две неспортски грешки, теренот мораше да го напушти најдобриот играч на гостинскиот тим Јоги Ферел.
Во клучните моменти, во преден план излегоа Аврамовиќ, Пантер и Нанели, па Партизан уште на средина од последниот период ги реши сите дилеми околу победникот. Долго време во последната четвртина Будуќност беше на само четири постигнати поени, домаќините го искористија тоа и ставија крај на драмата.


