Екипата на Партизан претстојното лето ќе изврши реконструкција на тимот, а една од главните позиции кои мораат да бидат засилени е центарската.
Италијански медиуми тврдат дека прва желба за ова места е поранешниот шпански репрезентативец Серж Ибака кој оваа сезона се врати од НБА лигата по 14 години поминати таму, но не се прослави во редовите на Баерн. Иако има 34 години, родениот Конгоанец се уште има што да понуди, а Баерн не планира да го продолжи договорот со него.
Жељко Обрадовиќ особено ги цени неговите квалитети, пред се затоа што е одличен во одбраната за што сведочат трите избори во најдобрата дефанзивна постава и тоа што два пати беше прв блокер во НБА лигата. Ибака би можел да претставува за Партизан она што беше Матијас Лесор до лани – доминантен центар кој добро се снаоѓа на двата краја од теренот.