Со серија од пет победи, Партизан утре го пречекува Асвел во 16. коло од Евролигата, а во пресрет на тој меч, тренерот Жељко Обрадовиќ се соочува со големи проблеми.
Денеска на тренинфот работеле само десетмина кошаркари, а петмина недостасувале и нивниот настап на утрешниот натпревар во моментов е неизвесен.
„Поважно во овој момент е да зборуваме за нас, отколку за Асвел. Денеска на тренинг имавме само 10 кошаркари, недостасуваа Маринковиќ, Дејвис, Нтиликина, Лундберг и Накиќ и мислам декла тешко некој од нив во вторник ќе биде во тимот. Не знам како ќе изгледа сето тоа, но јасно ни е дека не очекува тежок натпревар“, изјави Обрадовиќ.
Пред Партизан е исклучително тешка недела во која го очекуваат дуели против Асвел и Анадолу Ефес во Евролигата и Црвена Звезда во АБА.


