Екипата на Партизан оствари убедлива победа во првиот меч од мини-турнирот кој се одржува во Белград.
„Црно-белите“ беа подобри од АЕК со 93-60, а покрај овие две екипи, на турнирот учествува уште Париз со Ти Џеј Шортс. Пред почетокот на натпреварот Партизан ги претстави дресовите со кои ќе настапува претстојната сезона, а потоа му одржа лекција на српскиот прволигаш.
Тајрик Џонс и Стерлинг Браун беа најефикасни со по 12 поени, а Лундберг додаде 10. Кај АЕК, Брајс заврши со 11 поени како единствен со двоцифрен ефект во овој тим. Утре се среќаваат Париз и АЕК, а в недела Партизан излегува на мегдан со францускиот вицешампион.


