Екипата на Партизан ја оствари втората победа во низа и вкупно четврта сезонава во Евролигата откако на домашен терен го совлада Олимпијакос со 78-70.
„Црно-белите“ одиграа одлична последна четвртина во која направија огромен пресврт и со тоа го покрија катастрофалниот старт. Во првата четвртина Олимпијакос водеше со 14 поени разлика (23-9), Партизан успеа да се врати, но пред крајот на третиот период гостите повторно направија солидна предност, сега од +9 (57-48).
На средина од последната четвртина беше 62-57 за Олимпијакос, а потоа почна пеколниот финиш на Партизан. Домаќините направија 15-1 за преземање на водството и предност од 72-63, а во финишот направија и двооцифрена разлика (78-68) што беше доволно за триумф. Последната четвртина белградскиот тим ја доби со 28-13.
Со ова Партизан се врати во игра за позициите кои водат во плејинот бидејќи разликата со нив сега инесува една победа. Олимпијакос ја прекина серијата од шест победи, но се уште е при врвот на табелата.


