Екипата на Чаир очигледно е способна да го оствари високите амбиции оваа сезона бидејќи во првите две кола оствари убедливи победи.
Откако минатата недела на домашен терен го совлада Кожув со +20, денеска со идентична разлика го победи и Феникс и тоа како гостин. Денеска славеше со 92-72 и им се придружи на Работнички, Пелистер и ТФТ кои, исто така, имаат максимален ефект по воведните два круга.
Клучната предност чаирчани денеска ја достигнаа во второто полувреме кое го добија со 53-35 и со тоа го скршија отпорот на домашниот тим. Гостите првпат се одлепија во вториот период кога поведоа со 27-19, но Феникс го одби тој удар и израмни на 29-29. На голем одмор Чаир отиде со минимална предност (40-38), неизвесно беше до средината на третиот квартал, а потоа се тргна на страната на гостинскиот тим.
Со две серии, Чаир не само што ја презеде контролата над се на теренот, туку и поведе со 14 поени разлика (72-58). До крајот успеа да отиде и на +22 (93-71) и да оствари убедлив триумф со кој уште еднаш ги потврди високите амбиции.
Повторно играчите од стартната петорка го понесоа главниот товар во играта. Четворицата Американци постигнаа двоцифрен број поени со тоа што Кирк беше најефикасен со 21 поен, а Ролинс додаде 20. Кај Феникс повторно прво име беше Грант со 23 поени, 8 скока и 6 асистенции, но не ја доби помошта од соиграчите, па тимот од Гази Баба остана без триумф и по второто коло.


