Откако на тренерската позиција го назначи Александар Петровиќ и го врати Бобан Стајиќ, актуелниот вицешампион Пелистер договори уште двајца кошаркари за новата сезона.
Член на битолскиот тим останува Лука Стојановски кој се обврза на двегодишна верност. Тој лани дојде во Пелистер и беше еден од најзначајните играчи во составот кој три години по ред стигнува до финалето од домашниот плејоф.

Нов играч на Пелистер е битолчанецот Виктор Ташовски кој првпат во професионалната кариера ќе игра во својот роден град. До мината сезона тој настапуваше во дресот на ТФТ, но одлучи дека е време за нов предизвик и потпиша договор на една сезона.


