Екипата на Пелистер доживеа пораз во 12. коло од АБА 2 лигата во мечот кој можеше да му го завери пласманот во плејофот од регионалното натпреварување.
Битолчани загубија од Подгорица со 81-86 и покрај тоа што водеа речиси цел натпревар, а во последната четвртина и со 12 поени разлика. На стартот на тој квартал резултатот беше 70-58 за македонскиот претставник и се чинеше дека е на добар пат кон победата, но нешто подоцна дојде до пресвртот.
На нешто помалку од седум минути пред крајот Пелистер водеше со 73-64 по што стартуваше серијата од 11-0 за преземање на водството од црногорскиот претставник, нашиот вицешампион израмни на 79-79 на влезот на последната минута, но Краљевиќ потоа погоди тројка, а Ѓукановиќ реализира две слободни фрлања и Подгорица отиде на недостижни +5.
Извонреден натпревар одигра Андреј Маслинко кој оствари дабл дабл со 24 поени и 10 скока, но за жал неговата партија остана некрунисана. За пласман во плејофот, на Пелистер му е потребен триумф во последното коло против лидерот Златибор или порази на Хелиос и Борац против кои има победи во меѓусебните дуели.


