Пријатели и соработници на Зоран Петковски работат на организација на настан со кој ќе и оддадат почит на својата легенда.
Битолчани за 16 и 17 септември планираат кошаркарски турнир во чест на поранешниот младински репрезентативец на Македонија кој почина лани. Покрај Пелистер, своето учество на турнирот веќе го потврдил ТФТ, а планирано е да играат уште шампионот МЗТ Скопје и МКК Куманово, но тие допрва треба да се изјаснат.
Петковски почина ненадејно минатата година, а во својот живот ги извршуваше сите улоги во Пелистер – од играч, преку тренер, до функционер во клубот.


