Домаќинот и организатор на Купот на Македонија, Пелистерим се придружи на Работнички, МЗТ Скопје и Еуро Никел како четврти учесник во полуфиналето.
Вечерва, битолчани беа убедливо подобри од Феникс и го совладаа со 81-70, но во текот на мечот имаа и 21 поен предност. Гостите подобро отворија, имаа +8 во воведната четвртина, но не успеаја така да одиграат во континуитет.
Највисоката предност, Феникс ја имаше на средината од првиот период (14-6), но следуваше серија од 12-0 на домашниот тим за преземање на водството кое потоа не го испушти до крајот. Скопскиот тим не се предаваше, на почетокот од второто полувреме се доближи на само два поена негатива (39-41), но нешто подоцна Пелистер првпат отиде на двоцифрена разлика (55-43). На пет минути пред крајот битолчани ги достигнаа највисоките +21 (78-57), а Феникс во преостанатиот дел од мечот се избори за поблаг пораз.
Поентерски, Магдевски го предводеше Пелистер со 17 поени, Маслинко постигна 14 со 10 скока, а Лука Стојановски 11 поени. Џонс беше најдобар играч на Феникс со 20 поени. Во полуфиналето, Пелистер ќе се сретне со екипата на Еуро Никел од која неодамна загуби на домашен терен.


