Освен одличната организација на првиот ден од Купот на Македонија, организаторот КК Пелистер ја искористи можноста да му се поклони на Благоја Георгиевски Буштур чие име го носи Купот од 2021 година.
Пред почетокот на последниот натпревар од четвртфиналната програма, меѓу домаќинот и Феникс, претставникот на битолскиот клуб и на компанијата Таскфорс, Виктор Димовски постхумно додели признание за Буштур.
Признанието го прими синот на легендарниот кошаркар, Борјан Георгиевски додека на големиот екран одеа моменти од кариерата и животот на Буштур.


