Екипата на Пелистер ја оствари најубедливата победа во првите натпревари од четвртфиналето на Првата македонска кошаркарска лига.
Битолчани на домашен терен триумфираа со 94-60 против Еуро Никел и јасно ставија до знаење дека се решени по брза постапка да обезбедат место меѓу четирите најдобри. Пелистер беше апсолутно подобар и во ниеден момент не беше доведена во прашање неговата победа на овој меч.

Домаќините отворија со 19-3, па до оглед на тоа што уште во воведните минути беше скршен отпорот на противникот, лесно беше да се одржува водството и да се дојде до лесна и убедлива победа. Во натамошниот дел од натпреварот Еуро Никел не успеа ни да ја загрози победата, а со 31-14 во последните десет минути, Пелистер само стави точка на својата убедлива победа.
Маслинко и Мијовиќ со по 16 поени беа најефикасни во тимот на Пелистер, но се истакна и Планиниќ со 11 поени, 10 скока и 6 асистенции. Ветеранот Соколов беше најдобар кај Еуро Никел со 20 поени. И вториот натпревар од серијата се игра на теренот на Пелистер.


