Актуелниот вицешампион на Македонија, Пелистер во само три натпревари обезбеди пласман во полуфиналето од плејофот откако и вечерва го совлада Еуро Никел.
Битолчани славеа со 79-69 на првиот меч во Кавдарци со што се избори за серија со Работнички во која предноста ќе ја има најтрофејниот тим во земјава. Пелистер доминираше во текот на сите 40 минути, а на моменти имаше предност и од 20 поени разлика.

Еуро Никел беше во предност само во неколку наврати во првата четвртина, се останато помина во знакот на Пелистер. Гостите првпат се одлепија во втората четвртина во која, по серијата од 11-0 отидоа на 31-19, но Еуро Никел во третиот квартал успеа дури и да израмни на 45-45. И повторно Пелистер направи серија од 8-0, а точка на прашањето за победникот стави во последниот период во кој постигна 11 поени по ред за највисоките +20 (77-57).
Јуре Планиниќ со 19 поени беше најефикасен кај Пелистер, но Андреј Магдевски беше на чекор од трипл дабл, постигнувајќи 18 поени, 18 скока и 8 асистенции. Дубински го предводеше Еуро Никел со 17 поени.


