По нешто повеќе од две недели базични подготовки, македонскиот вицешампион Пелистер вчера го одигра првиот пријателски натпревар во пресрет на новата сезона.
Битолчани гостуваа кај шампионот на Бугарија, Рилски спортист и загубија со 85-95 во меч во кој домаќинот доминираше и водеше и со над 20 поени разлика. Во финишот, Пелистер успеа да намали и да се избори за пораз иразен со помала разлика, но резутатот во овој случај и не е толку важен бидејќи станува збор за прв меч на екипа која претрпе големи промени во текот на летото.
Пелистер ќе ги продолжи подготовките за новата сезона која ќе ја стартува со настап во Суперкупот на Македонија, против МЗТ Скопје. Наскоро ќе бидат познати и ривалите за следните пријателски натпревари, а засега е познато само дека на 10 септември ќе му гостува на Ираклис во Солун.


