Поранешниот вицешампион на Македонија, го потврди најновото засилување, американскиот бек Камрон Мекдауел.
Се работи за 23-годишен кошаркар, висок 196 сантиметри, кој зад себе има забележителна универзитетска кариера во САД и во Битола пристигнува со епитет на еден од главните адути на тимот во претстојната сезона. Во текот на петте сезони во американската колеџ-лига, Мекдауел одиграл 92 натпревари, на кои постигнал вкупно 1.519 поени, а статистиката ја надополни со 317 скокови и 184 асистенции. Во просек бележеше 16,5 поени, 3,4 скока и две асистенции за нешто помалку од 27 минути поминати на паркетот.
Негова најдобра сезона е 2024/25, кога во дресот на Нортвестерн Оклахома Стејт просечно реализираше 27,3 поени, 4,7 скока и 2,7 асистенции по натпревар. Мекдауел беше пријавен и на НБА-драфтот во 2025 година, по што се врати во колеџ-кошарката, каде што повторно имаше одлични настапи. Во редовите на Тарлетон беше меѓу најдобрите стрелци на тимот, а благодарение на одличните партии доби место и во една од двете идеални петорки на конференцијата.
Мекдауел е шесто засилување за Пелистер ова лето по Ќириловски, Димитриев, Сапунџиев, Денинг и Златевски. Во меѓувреме, клубот ги продолжи договорите со играчите од својата школа Марковски и Созовски, а има и нов тренер во искусниот стручњак Тане Спасев.


