Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува да го засилува својот ростер за новите предизвици во сезоната. Нов член на битолскиот тим е српскиот интернационалец Никола Кочовиќ, кој пристигнува со богато меѓународно искуство и настапи во неколку европски првенства.
Кочовиќ има 30 години, висок е 197 сантиметри и игра на бековската позиција. Во досегашната кариера настапувал во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Полска и Романија, а доаѓа од средината на Чачак, каде што настапувал во Србија, по ангажманот во романскиот клуб Орадеа. Најпознат клуб во кој играл е Мега чиј член бил во сезоната 2021/22.
Новиот кошаркар на „пелистерци“ веднаш му се стави на располагање на тренерот Тане Спасев и ќе биде во комбинација за претстојниот натпревар против Работнички.
Пелистер и Работнички ќе се соочат в недела од 19 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Домашниот тим со новото засилување ќе се обиде да одговори на предизвикот и да продолжи со исполнувањето на своите амбиции во тековната сезона.
Пелистер во првите две кола оствари по една победа и пораз, го совлада ТФТ, а загуби од Струмица.


