Како домаќин и организатор на Купот на Македонија, Пелистер се надева дека ќе го освои првиот трофеј воопшто во клупската историја.
Тренерот Дарко Радуловиќ има триумф во ова натпреварување како играч и како тренер и неговото искуство може да биде пресудно.
„Пелистер расте како клуб и тоа е видливо последните години. Последен ден од сложувалката е организацијата на овој турнир во Купот и, заедно со спонзорот Таскфорс уште еден чекор кон остварување на амбициите. Очекувам тридневен кошаркарски маратон, на задоволство на сите љубители на кошарката од Битола.
Феникс е традиционално незгоден противник на Пелистер, тоа се виде и лани во Купот, а и на завчерашниот дуел во Битола. ние за 13 дена одигравме пет натпревари и факт е дека емоционалната и физичка истрошеност на екипата е огромен. Се надевам дека во следниве денови ќе имаме време да се подготвиме за тоа што не очекува в четврток. Јас сум секогаш насочен на првиот противник и така ќе биде и сега. Феникс е одлична комбинација на квалитетни домашни и странски кошаркари, со многу енергија. Сепак, јас очекувам победа, на задоволство на навивачите кои, се надевам, ќе ги исполнат трибините“, рече Радуловиќ
И искусниот Александар Костоски ќе биде еден од адутите на битолскиот тим и играч кој може да биде клучен за триумф.
„Овде сите сме многу скромни со изјавите. Јас нема да бидам таков, очекувам многу повеќе и сигурен сум дека Пелистер ќе го игра натпреварот в сабота“


