Екипата на Пелистер привремено се искачи на второто место на табелата во Суперлигата откако вечерва го совлада тимот на Ангели со 100-78, во првиот меч од 16. коло.
Со тоа битолчани ги залечија раните од Купот на Македонија каде беа елиминирани од МКК Куманово уште во четвртфиналето. Фаворитската улога беше јасно на нивна страна против најслабиот тим во лигата, а тоа го оправдаа со сигурна игра во текот на сите 40 минути.
Ангели и покрај убедливиот пораз на разочараа, беа рамноправни во првата четвртина, но подоцна до израз дојде квалитетот на домашниот тим. Одлучувачка беше серијата од 16-0 во втората четвртина по која Пелистер отиде на 43-27 и повеќе немаше дилема околу победникот.
Вилсон беше најефикасен играч на мечот со 26 поени на кои додде девет скока. Ренг ги предводеше Ангели со 16 поени.


