Пелистер сигурно го отвори плејофот во домашното првенство, совладувајќи го на домашен терен Маџари со 84-72 во првиот натпревар од доигрувањето за титулата.
Иако гостите имаа подобар старт и по првата четвртина водеа со 20-17, битолчани брзо ја презедоа контролата. Клучни беа вториот и третиот период во кои Пелистер одигра одлично во нападот и постепено создаде значајна предност. Со расположени Дејвис, Крстевски и Џенкинс, домашниот тим влезе во последниот период со убедливи +16 (68-52).
Во завршницата дојде до мало опуштање, што Маџари го искористи и намали на 64-71, но Пелистер брзо одговори и повторно се одлепи на двоцифрена разлика, со што ги реши сите дилеми околу победникот.
Најефикасен кај Пелистер беше Џенкинс со 30 поени, додека Малешевиќ оствари дабл-дабл со 13 поени и 10 скока. Крстевски и Вилсон додадоа по 11 поени. Во редовите на Маџари, Армстронг постигна 18, а Левис 15 поени.


