Македонскиот вицешампион Пелистер доживеа пораз на гостувањето кај Ираклис во еден од најсилните тестови пред почетокот на новата сезона.
Битолчани загубија со 77-91, но имаа добра можност да видат до каде на безмалку еден месец по почетокот на подготовките. Пелистер подобро го почна мечот, водеше 14-9 и по десет минути игра водеше со 21-19. Во 13. минута беше 26-26, но Ираклис потоа направи серија од 15-2 за водство од 41-28 и со тоа го скрши отпорот на македонскиот тим. Во второто полувреме Пелистер успеа во два наврата да се доближи на -7 (40-47 и 43-50), но не и да ја загрози победата на противникот.
Најдобра вест од овој меч е Мајк Едвардс кој последен беше претставен, но покажа дека ќе биде големо засилување за Пелистер и постигна 27 поени. По 13 постигнаа Костоски и Антоан. Одличен настап во тимот на Ираклис имаа поранешниот кошаркари на Пелитер, Кесар и Малешевиќ кои постигнаа по 15 поени.


